Тим Кејхил ќе биде исклучително среќен ако постигне гол на четвртото по ред светско првенство. Австралискиот репрезентативец може да се израмни со Пеле, Уве Зелер и Мирослав Клосе, ако постигне погодок на Мундијалот 2018 во Русија.
Австралијците се во група „Ц” на шампионатот со Франција, Данска и Перу.
„Вложив исклучително многу напори да бидам на светскиот шампионат. Првиот чекор е да излезам на теренот, а потоа може и да реализирам гол. Луѓето сонуваат за голови на светските првенства, но сега можам да се наредам до најголемите имиња”, рече Кејхил.
Тој го постигна својот прв гол на Светското првенство 2006 против Јапонија. 38-годишниот напаѓач има постигнато вкупно 11 гола на завршните натпревари на СП. Австралија ќе игра против Франција на 16 јуни во Казан во првиот натпревар од Светското првенство.