Тимот на Леброн подобар од тимот на Дурант во „Мечот на ѕвездите“

0

Тимот на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Кевин Дурент со 170:150 (40:39, 60:41, 46:45, 24:25) во 70-то издание на Ол-стар натпреварот во НБА лигата, што се одржа синоќа во Атланта.

 

Крилото на Милвоки, Јанис Антетокумпо од тимот на Леброн Џејмс беше најдобар стрелец на натпреварот со 35 поени. Тој беше избран и за најкорисен играч на натпреварот.

„Јас едноставно се забавувам. Понекогаш кога се забавувате и не размислувате за исходот, само дозволувате вашите инстинкти да надвладеат”, рече Антетокумпо.

Стеф Кари додаде 28 поени, а Демиен Лилард од Портланд постигна 32 поени. За тимот на Дурент, Кајри Ирвинг од Бруклин забележа дабл-дабл од 24 поени и 12 асистенции, додека Бредли Бил од Вашингтон постигна 26 поени. Кевин Дурент (Бруклин) го пропушти мечот поради повреда, а Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) постигна само 4 поени. Џејмс поголемиот дел од натпреварот го помина на клупа. Одигра помалку од 13 минути и не се врати на теренот во второто полувреме.

Пред натпреварот се одржуваа разни натпревари. Победник во шутирањето на тројќи беше кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари додека Број 1 во забивањето е Анферни Симонс од Портланд.

Неколку часа пред натпреварот стана јасно дека Ембид и Симонс од Филаделфија нема да учествуваат поради контакт со заразен со коронавирус.

Поради пандемијата на КОВИД-19, за прв пат дополнителните натпревари како што се шут за тројка и забивање беа одржани истиот ден со Ол-стар натпреварот. 71-то издание на Ол- Стар викендот ќе се одржи на 20 февруари 2022 година во Кливленд.

Share.

Leave A Reply