Тина Мазе соопшти убава вест, очекува принова

0

Двократната олимписка шампионка во алпско скијање Тина Мазе објави прекрасна вест. 34-годишната скијачка од Словенија го очекува своето прво дете оваа зима.

Мазе ја објави веста преку социјалните мрежи откако објави фотографија на која е заедно со нејзиниот долгогодишен пријател и тренер Андреа Маси и напиша:

„Оваа зима ќе биде многу посебена … очекуваме нова поезија – еден нов живот. Нема зборови со кои би можела да ја  опишам нашата среќа и благодарноста за тоа дека ќе станеме родители”, гласи пораката на Тина Мазе кон своите симпатизери објавена на „Facebook“, „Twitter“, „Instagram“.

Ова е секако одлична вест за Тина Мазе и нејзиниот пријател Маси кои сега многу повеќе ќе се посветат на семејството.

Share.

Leave A Reply