Тод го посетил Шумахер

0

Жан Тод, претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација кој е близок пријател на Мајкл Шумахер, го посети седумкратниот шампион во Формула 1 кој е хоспитализиран во болницата во Париз.

Возачот во Ф1 кој во почетокот на годинава наполни 50 години, се наоѓа на експериментално лекување со матични клетки. Посетата на Тод во болницата –„Жорж Помпиду“,  ја објави авторитетниот француски весник –„ Паризиен“.

Претседателот на ФИА вчера присуствуваше на погребот на 22-годишниот возач, Антоан Хуберт, кој загина во трагичната несреќата на патеката –„ Спа“. На погребот присусутвуваше и Мик Шумахер, синот на легендарниот Мајкл.

Share.

Leave A Reply