Тодоров: Малку ни недостасуваше за подобар резултат

0

Вчера во Перм, македонската кошаркарска репрезентација одигра многу подобар меч од оној во Скопје со Естонија, но повторно загуби. Русите во финишот не добија со 77:67, а селекторот Тодоров вели дека малку ни неостасуваше за многу подобар исход на мечот

„Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат.

„Кошарката беше спорт број еден во Македонија, сега тоа е ракометот. Се бориме да се вратиме на врвот, луѓето дојдоа, нè поддржаа со Естонија и мислам дека го препознаа тоа“.

Share.

Leave A Reply