По вчерашниот пораз од Русија во квалификациите за ЕП 2022 во Перм, селекторот Александар Тодоров го потенцираше оној психолошки момент присутен во тимот, откако имале прилика да ја видат играта и резултатот на првиот меч во „балонот“ во Перм, во кој Естонија ја изненади Италија и се приближи до пласман на ЕП.
„Тешко беше да се концентрираме и психолошки да се подготвиме, не толку во однос на нашиот противник, колку што нè изненади првиот меч од денешната програма, меѓу Естонија и Италија. Без оглед на сè, Мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Ни претстои слободен ден, а потоа два натпревари во два дена кои ќе одлучат. Играме за нашата земја и тоа е најголема мотивација што може да ја добиеме. За жал, лошо ги почнавме овие квалификации и сега поради еден лош натпревар го губиме целиот циклус“, изјави Тодоров.