Тодоровска според можностите

0

Нашата олимпијка, Викторија Тодоровска, во дебитантскиот настап на Игрите во Пјонгчанг го освои 85. место од вкупно 90 натпреварувачки кои во тешки услови ја поминаа патека од 10 километри крос-кантри.

Таа обезбеди време од 32:57.6 минути што беше за точно 7 минути и 57 секунди послабо од Норвежанката, Рахнилд Хага кој дојде до златниот медал. Второто место и припадна на Шарлот Кала од Шведска додека бронзата заврши на градите на Мерит Бјорген од Норвешка.

Што се однесува до нашата нордијска скијачка, таа го заврши настапот во Пјонгчанг бидејќи беше пријавена само за трката на 10 километри.

Share.

Leave A Reply