Томи Стефановски спортист на Скопје за 2016-та

0

Томи Стефановски е избран за најдобар спортист на Скопје во изборот кој го направи градот. На денешната манифестација, Градот Скопје ги врачи наградите и признанијата за најуспешните спортисти од метрополата во 2016 година. Во сениорска категорија, покрај Томи Стефановски награди добија уште 9 спортисти

Во младинска конкуренција за најдобар за 2016-тата беше прогласен Азис Исмаил од Карате клубот Металург, кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори. Во оваа категорија беа наградени уште четворица млади спортисти од градот.

Шаховскиот клуб Алкалоид е прогласен за најдобра спортска екипа, додека тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес за најдобар тренер. За најдобар странски играч во Скопје е прогласена голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно.

Share.

Leave A Reply