Томпсон и Кари му донесоа победа на шампионот

0

Кошаркарите на Голден Стејт во текот на ноќта направија брејк на теренот на Торонто во  вториот меч од големото финале на НБА лигата и дојдоа до изедначување во победи на 1:1.

Бранителот на трофејот одигра одлично на гостувањето и славеше со 109:104. Најзаслужни за триумфот на „Вориорс“ беа Клеј Томпсон со 25 кошеви и Стеф Кари кој го заврши мечот со 23 поени. Во домашниот тим сосема очекува во поглед на реализација се наметна Кавај Ленард со 34 кошеви.

Сега серијата ќе се пресели во арената на Голден Стејт а третиот натпревар ќе се игра на 6 јуни. Големото финале на НБА лигата се игра до четири победи.

Share.

Leave A Reply