Атлетичарката, Елејн Томпсон, која има два златни медала од Олимписките игри во Рио во 2016 година, најави дека ќе го пропушти митингот во Брисел на 6 септември кој е дел од Дијамантската лига, но, дека ќе трча на наредните два собира.
„Ќе се обидам да се забавувам. Тоа ќе биде мојата последна трка пред Доха. Ќе трчам на патеките од 100 и 200 метри на Светското првенство„ – вели Томпсон.
„Се надевам дека ќе постигнам одлични резултати на големиот собир“ – изјави атлетичарката од Јамајка која настапува во спринтерските дисциплини.