Топката – „Унифорија ЕУРО 2020“ ќе се користи на ЕП

0

Компанијата специјализирана за спортска опрема –„Адидас“, денеска на социјалните мрежи постираше фотографија на топката која ќе се користи на Европското фудбалско првенство во 2020 година.

Иако официјалната промоција на топката е закажана во ноември, Адидас објави фотографија за да ја види реакцијата на фановите. Топката наречена Унифорија ЕУРО 2020 е изработена по истата формула и материјал како и „Телстар 18“, – топката со која се одиграа натпреварите на СП во 2018 година.

Наредниот континентален собир ќе прв во истријата што ќе се реализира во повеќе од две земји или поточно домаќини ќе бидат стадионите во 12 држави. Големото финале ќе биде одиграно на легендарниот стадион – „Вембли“ во Лондон.

Share.

Leave A Reply