Тореира сака да го напушти Арсенал во јануари

0

Играчот од средниот ред на Арсенал, Уругваецот Лукас Тореира, сака да го напушти клубот во јануари, доколку не започне редовно да игра, тврдат медиуите на Островот.

Тој има одиграно само 275 минути од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и воопшто не е задоволен од неговиот статус на резерва во тимот. Според истите информации, Тореира планира да одржи разговори со Унаи Емери за да може да ја разјасни неговата состојба во клубот. Сепак, голема е веројатноста е тој да се врати во италијанската лига, од каде и дојде во Премиер лигата.

Пред да се пресели во Арсенал, Тореира беше една од sвездите на екипата на Сампдорија, која моментно се наоѓа во прилично сериозна криза.

Првата сезона на играчот во составот од Лондон беше доста добра и тој одигра 34 натпревари во кои постигна два погодоци, но оваа година има помала минутажа.

Share.

Leave A Reply