Кошаркарите на Торонто испиша историја во НБА лигата откако ја освоија титулата и стана првата екипа надвор од границите на САД која го освоила шампионскиот прстен.
Тоа им успеа на кошаркарите предводени од најдобриот играч на финалето Каваи Ленард. Во шест натпревари, и благодарение на проблемите со повредени играчи на противникот, Торонто стигнаа до конечна победа од 4:2 откако рано утринава победи со 114:110.
Најдобриот кошаркар на Торонто, Каваи Ленард, постигна 22 поени и оствари шест скока во победата на екипата во шестиот и последен натпревар во финалето против Голден Стејт.
По големите проблеми минатата сезона, 27-годишниот кошаркар се врати и испиша историја во финалната серија. Тој сега им се приклучи на Леброн Џејмс и Карим-Абдул Џабар затоа што стана третиот играч кој освоил МВП награда со два различни клуба.
Кошаркарот кој потекнува од Лос Анџелес целосно доминираше во финалната серија и оствари просек од 28,5 поени, 9,8 скока, 4,2 асистенции, 2 блокади и 1,2 украдени топки и сосема заслужено ја доби наградата за МВП на финалето.