Торонто е прв сигурен учесник во НБА плеј-офот

0

Благодарение на победата над Детроит Пистонс по продолжението со 121:119, екипата на Торонто Рапторс стана првиот тим оваа сезона кој обезбеди место во плеј-офот.

Торонто е моментно на првата позиција на табелата во Источната конференција со 47 победи во 64 одиграни натпревари. Зад нив остануваат кошаркарите на Бостон Селтикс со скор од 45 победи и 20 порази.

Вреди да се напомене дека минатата сезона, Торонто влезе во плеј-офот како третопласиран на Истокот. Лани за цела сезона, Репторс имаа 51 победа.

Share.

Leave A Reply