Торонто и Денвер на чекор до конференциските финални дуели

0

Торонто и Денвер дојдоа на победа до пласман во конференциските финалиња, откако синоќа славеа убедливо на домашен терен во петтиот меч од серијата. Денвер на свој терен го совлада Портланд со 124:98, додека Торонто славеше дома против екипата на Филаделфија со 125:89.

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа со „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 19 скокови, додаде и шест асистенции, а Пол Милисап запиша 24 поени. Кај Портланд Демијан Лилард беше најефикасен со 22 поени, додека најблиску до него беше Родни Худ со 14 поени.

Торонто на сличен начин стигна до победа против Филаделфија обезбедувајќи предност од 3:2 која веќе на следниот меч може да биде преточена во пласман во полуфиналето на плеј-офот.

Share.

Leave A Reply