Торонто ја освои Калифорнија

0

Во мечот на вечерта во НБА лигата, екипата на Торонто оствари убедлива победа над ЛА Лејкерс со 121-107 во меч во кој Серж Ибака постигна 34 поени и 10 скока и го имаше својот меч на кариерата во НБА лигата.

Одлична партија имаше и Кајл Лаури со 21 поен, 15 асистенции и 6 украдени топки, додека дабл-дабл ефект имаше Паскал Сиакам со 16 поени и 13 скока. Кај поразените „езерџии“, Кајл Кузма со 24 поени беше најефикасен на средбата, додека Леброн Џејмс уфрли 18 поени со 6 асистенции.

Портланд, пак, на крилата на Јусуф Нуркиќ ја совлада Минесота со 111-81. Ова беше седма победа на Треилблејзерси сезонава. Лилард го следеше со 18 поени, додека Си Џеј Мекалум постига 16.

Во останатите ноќешни средби беа постигнати следниве резултати:

Бруклин – Филаделфија   122-97

Вашингтон – Њујорк          108-95

Сан Антонио – Орландо   110-117

Феникс – Мемфис  102-100

Милвоки – Сакраменто 144-109

Share.

Leave A Reply