Торонто се избори за „мајсторка“, Денвер пред елиминација

0

Кошаркарите на Торонто Репторс победија по две продолженија против Бостон Селтикс со 125:122 во шестиот натпревар од полуфиналето на Истокот. Тимот на Бред Стивенс не успеа да ја затвори серијата и седмиот натпревар ќе одлучи кој ќе му се придружи на Мајами во финалето на Истокот.

Торонто имаше четири поени предност (98:94) на четири минути до крајот, но во последната минута влегоа со резултат 98:98. Сиакам не погоди на 25 секунди до крајот, а Кемба Вокер возврати со иста мерка само две секунди пред да истече времето.

Еден од хероите на Торонто во двете продолженија беше Норман Пол со неколку важни поени, а клучниот сепак го постигна Кајл Лори на 11 секунди до крајот, кога му ги донесе на Репторс +4 (123:119). Најефикасен во победничкиот тим беше токму Лори со 33 поени, а Пол постигна 23. Кај Бостон Браун постигна 31 поен, Тејтум имаше 29.

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Лос Анџелес Клиперс со 96:85 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западот, со што екипата на Мајк Мелоун сега губи со 3-1 во серијата и е пред испаѓање од плејофот.

Share.

Leave A Reply