Торонто водеше, Милвоки за една четвртина дојде до победа

0

Кошаркарите на Милвоки славеа со 108:100 во првиот финален меч од серијата во Источната конференција на домашен терен против екипата на Торонто. Иако гостите имаа одличен меч иводеа скоро три четвртини, не успеаја да ја задржат свежината и потклекнаа во последните 12 минути од мечот.

Брук Лопез беше човекот кој го поведе Милвоки до победа. Дојде до 29 поени до крајот на мечот и реализираше неколку клучни шутеви за победа.

Адетокумбо постигна 24 поени во триумфот на домашните, додека Миротиќ имаше 13.

Репторс го имаа Ленард со 31 поен и Ловри со 30, но ќе мора да го почекаат вториот меч за евентуална прва победа.

Share.

Leave A Reply