Дефанзивецот на Тотенхем Јан Вертонген нема да игра до декември поради проблеми во бутниот мускул, објави клубот.
31-годишниот Белгиец е надвор од терените од крајот на минатиот месец, кога Тотенхем победи со 2-0 против Хадерсфилд.
Очекувањата на медицинскиот тим беа дека Вертонген ќе се врати брзо на терените, но излезе дека повредата е повеќе од сериозна.