Тотенхем го назначи Жозе Мурињо за нов менаџер

0

Раководството на Тотенхем утрово потврди дека Жозе Мурињо е нов тренер на тимот. Поранешниот шеф на Челзи и Манчестер Јунајтед, потпиша договор со лондончани до крајот на сезоната 2022/23.

„Квалитетот и во составот и во академијата ме возбудува“, рече 56-годишниот Португалец. „Работата со овие играчи е она што ме привлече“.

Зад Мурињо стојат три титули во Премиер лигата и еден ФА Куп со Челзи, додека со Манчестер Ј. ги освои Лигата на Европа и Карабао Купот.

Share.

Leave A Reply