Тотенхем и Челзи не сакаат да платат 80 милиони фунти за Вилфред Заха

0

И покрај интересот за Вилфрид Заха од Кристал Палас, ниту Тотенхем ниту Челзи не се подготвени да платат 94 милиони евра (80 милиони фунти) што ги бараат од Кристал Палас, пренесува „Дајли Меил“.

Двата клуба повеќе се подготвени да ги користат своите резервни играчи или да бараат алтернативи на пазарот поради прескапата цена на 27-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска.

Иако Заха првично беше разочаран што му беше забранет трансфер во Евертон минатото лето, тој е релативно мирен во врска со можноста да остане во тимот до крајот на сезоната, порачувајќи му на клубот дека нема да се обиде да ги принуди на трансфер до крајот на јануарскиот преоден рок. Договорот на Вилфрид Заха со Кристал Палас е до јуни 2023 година, што му помага на неговиот тим да ги диктираат условите.

Оваа сезона, Вилфред Заха учествуваше на 24 натпревари, во кои постигна три гола и даде три асистенции. Во моментов според „Transfermakrt.de“, неговата вредност е 55 милиони евра.

Share.

Leave A Reply