Тотенхем ја губи битката со времето, објавија англиските медиуми. Тимот од северен Лондон очекуваше да го отвори новиот гламурозен стадион на 15 септември во дербито со Ливерпул, но големото забавување со финиширање на стадионот ќе го принудат Тотенхем да го одложат за неопределено време планот за отварање на новиот стадион.
Од раководството на Тотенхем дури платиле наемнина на „Вембли”, каде што тимот ги игра во моментов домашните натпревари, до крајот на оваа календарска година.
Ова предизвика незадоволство кај некои фанови кои го искажаа својот револт на социјалните мрежи. Тотенхем го гради новиот стадион откако на крајот на сезоната 2016/2017 беше срушен легендарниот „Вајт Харт Лејн”, а на негово место „изникна” еден од „најмодерен стадион во Европа”, кој ќе го чини клубот околу 750 милиони фунти.
Менаџерот Маурисио Почетино истакна дека тоа е една од причините за недостатокот на влезни и излезни трансфери во текот на целиот летен трансфер период.