Тотенхем стана првиот клуб во историјата на англиската Премиер лига, кој не успеа да потпише ниту еден фудбалер во летниот трансфер период. Лондончани останаа без реализиран трансфер ова лето, што е навистина зачудувачки ако се знае колку пари се вртат на купопродажба на играчи пред секоја сезона во Англија.
Сепак, информациите од Италија велат дека Тотенхем се обиделе во последните часови од преодниот рок да го купат Марсело Брозовиќ од Интер, но италијанскиот клуб ја одбил нивната намера. Британците понудиле 40 милиони евра за храватскиот фудбалер, но веднаш биле одбиени.