Британските медиуми објавија дека челните луѓе на фудбалскиот состав Тотенхем можат да купат играчи од Барселона и од Фулам.
Четата предводена од Маурицио Почетино која ја очекува финалето во Лигата на шампионите, во претходните два преодни рока не купи ниту едно ново име, сега планира да се вклучи на трансфер-пазарот. Весникот „Сан“ објави дека халфот, Андре Гомеш, кој ја помина сезоната во Евертон како изнајмен од Барселона, дал согласност да премине во Тотенхем за трансферна сума од 35 милиони фунти.
Второто планирано летно засилување ќе биде 18-годишниот, Рајан Сесенон од Фулам. „Спарси“ за неговиот потпис ќе треба да издвојат околу 25 милиони фунти.