Тотенхем влегува во трка по Желсон Мартинс од Спортинг Лисабон

0

Португалското крило од екипата на Спортинг Лисабон Желсон Мартинс е на првото место на листата за летна селекција на Тотенхем, соопштува весникот „А Бола”.

Крилото е на пат за раскинување на својот договор со португалскиот тим, откако веќе испратил предупредувачко писмо до Фудбалската федерација на Португалија, се вели во информацијата која доаѓа од Португалија.

Тотенхем сака да привлече квалитетен крилен играч во последните неколку трансфер периоди, но нивните напори да го привлечат Вилфред Заха пропаднаа. Во јануари во тимот пристигна Лукас Моура од ПСЖ. Мартинс кој е дел од селекцијата на Португалија ќе игра на Светското првенство во Русија, во изминатата сезона одигра 46 средби, а притоа постигна 13 гола со што го привлече интересот на некои од гиганти, меѓу кои Јувентус и Арсенал.

Од своја страна Тотенхем сака да направи голем трансфер летово, со што би ги зголемиле шансите на тимот во борба за трофеј наредната сезона. Од Тотенхем веќе најавија нов долгорочен договор со најголемата ѕвезда Хари Кејн, а се очекува наскоро нови договори да потпишат Деле Али и Кристијан Ериксен.

Share.

Leave A Reply