Тоти, Занети и Алегри влегуваат во италијанската „Куќа на славните“

0

Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, аргентинската легенда на Интер, Хавиер Занети и тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе влезат во италијанската фудбалска куќа на славните на церемонијата која ќе се одржи во мај.

Од судиите место во истата куќа на славни ќе добие Никола Рицоли. Посмртно место меѓу славните ќе добијат пранешните тренери на Италија и Рома Џузепе Виани и поранешниот тренер на Наполи Амадео Амадеј.

Share.

Leave A Reply