Македонската репрезентација во традиционално карате од 20 до 22 април 2018 година ќе настапи на обединетиот балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија.
Македонската репрезентација која заминува за Романија ќе брои 9 члена и тоа:Венцислав Недев-селектор, Дејан Недев-тренер и натпреварувач, Аљоша Недев-судија и натпреварувач, Ристо Сакалиев-судија, како и останатите натпреварувачи Матеј Ангеловски, Петар Костов, Димитар Витанов, Јана Милевска и Берта Милевска.