Трагедија на полу-маратонот во Кардиф

0

Двајца мажи починаа откако колабираа во  финишот на атлетскиот полу-маратон во Кардиф. Се верува дека тркачите – 25 и 32, години претрпеле срцев удар откако учествувале во годишниот натпревар кој собрал повеќе од 25.000 луѓе.

Локалните медиуми објавија дека 32-годишниот атлетичар паднал во бесознание пред неговата сопруга и едногодишното дете додека 25 годишниот тркач учествувал во полумаратонот заедно со неговата девојка. Дел од гледачите се обиделе да им помогнат на двајцата, но, безуспешно.

„Ова е ужасна трагедија, најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели” – изјави за „Би-Би-Си“  извршниот директор на трката, Мет Њуман.

Share.

Leave A Reply