Трансферот на Пепе во Кина е скоро комплетиран

0

Дефанзивецот на Реал (М), Пепе, скоро сигурно кариерата ќе ја продолжи во Кина. Управата на „кралскиот клуб“ веќе прави разговори со тимот на Гвангжу Евергранде, кој е најсериозен во намерите да го доведе Португалецот во своите редови.

Со оглед на тоа што Реал не е подготвен да му понуди нов договор на Пепе, јасно е дека разделбата на двете страни е неминовна. Реал тешко дека ќе може да заработи од неговото заминување, затоа што Португалецот има договор кој завршува на крајот на сезоната.

Како конкурент за потписот на Пепе се појавува и екипата на Шангај Шенхуа.

Share.

Leave A Reply