Трап ќе потпише за Ајнтрахт (Ф)

0

Германски Ајнтрахт веќе го обезбеди првото поголемо засилување за новата сезона. Последните информации велат дека Ајтрахт добива нов голман во името на Кевин Трап, моментно актуелен голман на екипата на ПСЖ.

Трап и минатата сезона беше дел од тимот, но како позајмен играч.

„Трап е многу важен играч за тимот и ние ќе направиме се за да потпишеме договор со него“, изјави претседателот на Ајнтрахт во интервју за германскиот спортски магазин „Кикер“.

Во сезоната 2018/19 за Ајнтрахт, Трап одигра 43 натпревари. Износот на трансферот треба да изнесува 9 милиони евра.

Share.

Leave A Reply