Тренчовски: Академија Пандев не може толку слабо и на реваншот

0

Македонските фудбалски тимови во Лигата на Европа останаа со само едно реми по првиот круг на натпреварите во квалификацискиот дел. Шкупи извлече нерешени 3:3 на гостувањето во Ерменија кај Пјуник, додека порази претрпеа Македонија ЃП и Академија Пандев. „Лавовите“ од Ѓорче беа поразени на гостувањето против Алашкерт со 3:1, додека убедлив и разочарувачки пораз дома од 3:0 од босански Зрински претрпе дебитантот во европските купови, Академија Пандев. Синоќа по средбата во Скопје и убедливиот пораз, тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски вака го прокоментира мечот:

„Дефинитивно станува збор за добар противник, беше физички подоминтантен од нас. Погрешив во некои мои одлуки за изборот на играчи, лично одговорам јас за овој резултат. Но јас верувам дека овој тим може повеќе. Неискуството си го стори твоето. Го изгубивме мечот по тој примен прв гол и во средината на теренот. Лошо издание на Академија Пандев, не може да повториме ваков натпревар на реваншот. Нашиот стил не беше вистинскиот, неискуството и нашата физичка подотовка не беше на нивото. Вината цела паѓа на мене, но искрени да бидеме во овој момент Зрински е далеку поквалитетен“, рече Тренчовски.

Share.

Leave A Reply