Тренчовски: „Посакувам победа, но може и реми без примен гол“

0

Освојувачот на Купот на Македонија, прволигашот Академија Пандев е подготвен за првиот европски предизвик во својата историја. Противник на стартот од квалификациите за Лигата на Европа ќе им биде босанскиот тим  Зрињски Мостар, а тренерот Југослав Тренчовски пред мечот истакна дека секој резултат без примен гол ќе биде добар за неговата екипа.

„Ова е наше деби на европската сцена. Секако, ваков натпревар носи свои предности, но и свои недостатоци. Хендикеп може да биде неискуството, затоа што тимот е млад и само три играчи имаат играно евронатпревари – Стоилов, Илиев и Пандев. Но, од друга страна предност може да биде што овој тим има срце, карактер и мислам дека желбата ќе биде на наша страна. Ќе се обидеме да се претставиме што подобро. Зошто да не се обидеме и да го добиеме натпреварот ако ни се укаже шанса. Секој резултат со кој ќе останеме непоразени и без примен гол, ќе биде добар за нас. Зрињски ја има фаворитската улога, но не секогаш победува фаворитот на хартија“, изјави Тренчовски на прес-конференцијата како најава на денешниот натпревар.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Зрињски Мостар се игра денес од 19:00 часот.

Share.

Leave A Reply