Тренерот на Денвер ќе му биде асистент на селекторот на Србија

0

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, ќе му биде помошник на српскиот селекторот Кокошков на олимпискиот квалификациски турнир, објавија српските медиуми.

Со влегувањето на Мелоун во стручниот штаб на Србија, повеќе нема дилеми дали најдобриот кошаркар, ѕвездата на Денвер, Никол Јокиќ, ќе настапи на турнирот во Белград.

Противници на Србија на турнирот во Белград се Доминиканска Република и Нов Зеланд, додека во втората група која се игра во Белград, се наоѓаат селекциите на Италија, Порторико и Сенегал, а само победникот на турнирот ќе обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио.

Во стручниот штаб на селекцијата на Србија покрај селекторот Кокошков и Мелоун, се уште тренерите на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ и на ФМП, Владимир Јовановиќ.

 

Share.

Leave A Reply