Тренерот на „граѓаните“ не сака прекини за освежување на играчите

0

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека не треба да се прават прекини на мечевите кога играчите добиваат вода за освежување. Судискиот тајм-аут беше воведен поради големите горештини во летните месеци и поради збиениот распоред во шампионатите.

„Најверојатно одлуката е донесена заради временските услови. Тренерите ги користат тие прекини за да разговараат со играчите” – изјави Шпанецот кој воедно се осврна на најавите дека неговиот тим може да му биде домаќин на Реал Мадрид во реваншот од Лигата на шампионите:

„Ние сакаме да играме во Манчестер, но, ќе го прифатиме местото определено од УЕФА. Не сум барал ништо посебно, тоа е нејзина одлука“ – нагалси Гвардиола.

 

Share.

Leave A Reply