Тренерот на „росонерите“ е оптимистички расположен

0

Марко Џампаоло кој во текот на летото седна на кормилото на Милан, вели дека неговите фудбалери со големо нетрпение го очекуваат утрешното градско дерби со Интер во рамките на Серија „А“.

„Имавме значајна победа против Верона, добро е што ја подобруваме играта од меч во меч.  Нашата цел е победа против Интер. Сакаме да ги израдуваме фановите“ – вели Џампаоло.

„Ги следам настапите на Интер во тековнава сезона. Мислам дека можеме да обезбедиме поволен резултат иако сите велат дека сме аутсајдери. Ние во секој случај ги сакаме трите бода“ – потенцираше тренерот на „росонерите“ пред утрешното дерби на Милано.

 

Share.

Leave A Reply