Трета среќа за Металург во ЛШ

0

По поразите од Бешикташ и Монтпелје, ракометарите на Металург денеска против екипата на Спортинг, ќе имаат можност да го поправат впечатокот од стартот на новата сезона во Лигата на шампионите и да ја бараат првата победа. Младите момчиња од „Автокоманда“ повторно спроти себе ќе имаат искусен и квалитетен противник, кој за нив ќе претставува тврд орев.

Во пресрет на годинашната сезона, Спортинг го задржа костурот на екипата кој го сочинуваат искусните Карлос Руезга, Иван Никчевиќ, Педро Портела, како и хрватско-словенечкиот двоец на голот, Матеј Ашанин и Алјоша Чудиќ.

За Металург новиот предизвик во СЦ „Борис Трајковски“ е голема шанса да се потврди вредноста на младиот тим.

Share.

Leave A Reply