Трезеге ќе работи за Јувентус

0

Италијанскиот шампион Јувентус може да се пофали со веста дека Давид Трезеге ќе работи во клубот.

Поранешниот напаѓач на „бјанконерите” потпиша тригодишен договор со „Старата дама” и ќе биде амбасадор на клубот. Напаѓачот е странец со најмногу постигнати голови во историјата на Јувентус.

„Давид Трезеге е вистински симбол на Јувентус. Значи, има приказна што до сега ни донесе толку многу среќни моменти. Во текот на следните три години, Давид ќе биде задолжен да го претставува клубот во однос на развојот на Јувентус на глобалниот пазар”, соопшти Јувентус на својата официјална страница.

Share.

Leave A Reply