Три АТП награди за Роџер Федерер

0

АТП ги објави добитниците на наградите за сезоната 2017 година. Швајцарецот Роџер Федерер ја освои наградата за најдобро „Враќање во годината“. Покрај тоа, 36-годишниот тенисер по 13-ти пат во кариерата ја освои наградата „Штефан Едберг“ за фер-плеј, а 15-тата година по ред беше прогласен како фаворит на навивачите.

Тренерот на годината е Невил Годвин, поранешен тренер на Јужноавриканецот Кевин Андерсон. Канаѓанецот Денис Шаповалов, пак, ја доби наградата за „Напредок на годината“ која ја добива најдобриот млад тенисер. Браќата Боб и Мајк Брајанпо 13-ти пат по ред беа прогласени за најдобри играчи во двојки.

Share.

Leave A Reply