Македонскиот боксер Ардијан Аземи освои златен медал во категоријата +80 килограми на Националниот Куп во Врбас во кадетска конкуренција. Тој во финалето го победи боксерот од Индија, Вишал Гупта.
Ајхан Озмен во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од Султан Бабаханов од Казахстан кој е првак на Азија.
Претходно, Илхан Озмен освои бронза на меѓународниот турнир во Врбас од А категорија.
Македонија на овој турнир беше претставена и кај судиите, Стефан Цубалевски беше наш судија на овој престижен турнир во Србија.