Трофеј во ФА купот може да помогне Обамејанг да остане во Арсенал

0

Иднината на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг останува нејасна. Неговиот договор со лондончаните истекува за една година, а Интер и Барселона внимателно ја следат ситуацијата.

Утре „Топџиите“ ќе се сретнат со Челзи во финалето на ФА Купот. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета коментираше дека освојувањето на трофејот може да му помогне на Обамејанг да остане.

На прашањето дали утрешниот натпревар може да биде последен за напаѓачот во екипата на Арсенал, Артета рече: „Јас немам такво чувство. Освојувањето трофеј ми помага да верувам дека нема да му биде последен меч за нас. Ако го подигнеме пехарот, тоа ќе помогне да остане во нашите редови“ рече Артета. Арсенал заврши на осмото место во конечниот пласман на табелата и неговата шанса да се пласира на европските купови е само преку победа на утрешното финале.

„Не сакам да ги поврзам овие две работи: останувањето на Обамејанг и квалификациите за европските купови, но тоа ќе ни помогне финансиски“ додаде Артета.

Обамејанг при својот престој во Арсенал досега има одиграно 108 натпревари, постигнато 68 гола и 15 асистенции.

Share.

Leave A Reply