Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Томас Тухел, има навистина сериозни проблеми да го оформи најдобриот состав за денешното гостување кај Манчестер Јунајтед бидејќи дел од стандардните првотимци се надвор од стројот.
Искусниот тренер иако е свесен дека нападот може да биде проблематичен со отсуството на Нејмар и Кавани, потенцира дека нем анамера да го менува стгилот на игра и дека неговиот состав ќе игра напаѓаки фудбал.Тој објаснува дека мора да се адаптира на ситуацијата и дека нема време да се скрои нова тактика.
„Нејмар е нашиот клучен играч во Европа и многу ќе ни недостасува, исто така и Единсон. Тоа сепак не значи дека ќе ја промениме нашата игра. Ние се навикнавме да бидеме пред голот на противникот“ – потенцираше Тухел.