Тренерот на ПСЖ Томас Тухел изјави дека не може да гарантира дека Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во тимот следната сезона, иако неговата желба е токму таква.
Младиот Французин минатата недела изјави дека сериозно размислува за иднината, а пак Бразилецот е силно посакуван од Реал (М). Засега и двајцата се на мета на најголемите европски тимови и не се знае што се може да се случи на трансфер пазарот ова лето.
„Работите се такви какви што се. Има многу шпекулации, но за жал не можам да гарантирам дека Нејмар и Мбапе ќе останат кај нас и следната сезона, бидејќи тоа не зависи само од мене”, изјавил Германецот.