Тухел не се шегува, ПСЖ тренираше утринава, а вечерва игра натпревар

0

Колку сериозно Томас Тухел влегува во новата сезона соПСЖ покажува и фактот што Тухел и играчите на ПСЖ денес имапе и утрински тренинг.

ПСЖ одржа тренинг утринава. Невообичаено е ова поради фактот што вечерва тимот ќе го одигра натпреварот од првото коло на Лига 1 против Каен на „Парк де Пренс”. Многу ретко се случува играчите да имаат ваков тренинг на денот во кој имаат официјален дуел. Токму тоа го направи ПСЖ, а Томас Тухел го одреди составот по тренингот.

На тренингот не се вклучија Верати Курзава кои вчера тренираа со тимот. Кавани уште се опоравува и ќе го пропушти вечерашниот натпревар. Фудбалерите кои станаа светски шампиони со Франција и почнаа подготовка подоцна од останатите, меѓу кои е и ѕвездата Килијан Мбапе, исто така, нема да се во составот. Вчера Тухел најави дека нема да ризикува со нивно вклучување.

Се очекува против Каен повторно да играат младите Нсоки и Дагба кои беа во тимот за натпреварот од Суперкупот на Франција против Монако пред една недела, кога ПСЖ победи со 4:0.

Share.

Leave A Reply