Тухел објасни зошто го презел тимот на Челзи

0

Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел објасни зошто решил да ги предводи „сините“. Назначувањето на тренерот беше објавено вчера, а тој доаѓа на местото на Френк Лампард.

„Тешко е да се објасни. Мојот живот се сврте наопаку во последните три дена. Неверојатно е да се биде нов тренер на Челзи, јас сум многу среќен што сум тука. Јас и моите асистенти сметавме дека ова е многу добра можност. Ова е шанса што не можев да ја пропуштам. Не можевме да ја одбиеме можноста да бидеме дел од семејството Челзи. Ние сме многу среќни што работиме со овој тим и играме во најсилната лига, Премиер лигата, како и во Лигата на шампионите. Синоќа работев со тимот, подготвени сме за тежок натпревар вечерва. Многу сум среќен што започнувам со работа“, изјави Томас Тухел за  прес-службата на клубот.

Share.

Leave A Reply