Тухел: Сами сме виновни, одигравме катастрофа

0

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел беше видно нервозен по поразот од Монако на дербито во француското првенство.

ПСЖ по првите 45 минути водеше со 2:0, но потоа Монако направи целосен пресврт за конечни 3:2.

„Катастрофално второ полувреме. Постигнавме два гола, а потоа дозволивме да примиметри. Во второто полувреме се случи нешто со нашата концентрација. Не бевме доволно сериозни. Лошо се браневме и самите целосно сме виновни за овој пораз“, вели Тухел.

Share.

Leave A Reply