Тухел влезе во историјата на Премиер-лигата

0

Екипата на Челзи синоќа го победи Евертон со 2:0 во меч од 27. коло од Англиското фудбалско првенство со што германскиот тренер, Томас Тухел, успеа да влезе во историјата на Премиер лигата.

Тој е првиот што воведните пет домашни натпревари ги завршил без примен гол. Одличната серија на „„сините“ под диригентската палка на Тухел започна против Вулверхемптон на 27 јануари кога беше 0:0.

Потоа лондончани победија со 2:0 против Барнли и Њукасл и ремизираа без голови со Манчестер Јунајтед.

Share.

Leave A Reply