Селекторот на Тунис, Набил Малул, во пресрет на денешниот дуел со Англија изјави дека очекува неговиот тим да стигне и до четврфиналето на СП во Русија.
„Не можете да играте фудбал без да верувате во себе. Нормално е да имаме самодоверба пред натпреварот против Англија, иако завршивме во многу тешка група. Англија е подобра за разлика од изминатите години, а ние немаме искуство со Светското првенство. Нашата цел на Светското првенство е да одиме напред во нокаут-рундата, можеби и до четврфиналето“, изјавил Малул.