Туран ќе игра за неговиот омилен клуб

0

Турскиот фудбалер, Арда Туран, кој неодамна ја заврши соработката со Барселона, од вчера е нов член на Галатасарај.

33-годишниот ветеран во јануари беше вратен во Шпанија откако Басакшекир ја прекина неговата позајмица. Потоа речиси 7 месеци немаше активности на теренот и тренираше индивидуално чекајќи да му истече договорот со тимот од „Камп Ноу“.

Туран сега се враќа во старото јато бидејќи пет сезони го носеше дресот на Галатсарај пред да направи трансфер  во Атлетико Мадрид во 2011 година.

Share.

Leave A Reply