Турската компанија „Лимак Холдинг“ организатор на Купот

0

Турската компанија „Лимак Холдинг“ ја доби органзиацијата на Купот на Македонија во Кошарка. Турците беа единствен учесник на лицитацијата за организација на завршниот турнир од Купот.

Оваа светски реномирана компанија прифатила да биде организатор на Кошаркарскиот Куп на Македонија. На лицитацијата присуствуваше и комесарот за натпреварување во МКФ, Владо Цветковски.

„Лимак Купот на Македонија 2017“ треба да се одржи во периодот од 17. до 19. февруари 2017 година, а по традиција, ќе учествуваат осумте најдобри состави во машка и четирите најдобри во женска конкуренција.

Засега не се знае кој град ќе биде домаќин на настанот.

Share.

Leave A Reply