Младите фудбалски репрезентации на Македонија за играчи до 17 и до 19 години денеска ги добија противниците за следниот претквалификациски циклус за пласман на ЕП.
Селекцијата до 17 години се најде во група со Белгија, Полска и Лихтенштајн на турнирот кој ќе се игра од 9. до 15. октомври следната година.
Играчите до 19 години, пак, се најдоа во група со Англија, БиХ и Луксембург. Претквалификациската група ќе се игра во октомври следната година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.